вторник, 22 октомври 2024

Во Њујорк се заглави мост поради големите горештини (ВИДЕО)

Мостот на Третата авенија, кој го поврзува Бронкс со Менхетен во Њујорк, се заглавил во отворена положба поради високата температура во понеделникот.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Комуналните претпријатија извадија чамци на реката Хадсон и употребија водени топови за да испукаат огромни количини ладна вода во челичната конструкција за да се обидат да го изладат металот, кој се прошири поради високите температури во градот, изјавија официјални лица.

Инцидентот предизвика големи доцнења во сообраќајот во еден од најжешките денови во годината во Њујорк, но мостот повторно се отвори истиот ден.

Продолжениот топлотен бран ги сруши сите температурни рекорди низ САД.

Во некои делови на САД, поради високите температури, хеликоптерите на итната медицинска помош не можеа да одговорат, бидејќи хеликоптерот не може безбедно да лета на температура над 48,8 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ