петок, 25 октомври 2024

Во Нигерија киднапирани над 280 ученици: „Жителите се обидоа да ги спасат децата“

Вооружени напаѓачи на мотори киднапирале повеќе од 280 ученици во нигерискиот град Курига. Очевидци велат дека децата биле киднапирани кога се собрале пред училиштето околу 8:30 часот. Тие земале ученици на возраст од осум до 15 години заедно со наставници.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Уба Сани, гувернерот на државата Кадуна, го потврди инцидентот и рече дека 187 средношколци и 125 основци биле киднапирани, но дека 25 од нив оттогаш се вратени. Сведок рече дека напаѓачите пукале во едно дете кое подоцна било пренесено во болница, пишува Би-би-си.

Наставник кој успеал да побегне вели дека локалните жители се обиделе да ги спасат децата, но безуспешно, при што едно лице било убиено.

Пред неколку дена исламистичката група Боко Харам киднапираше десетици жени и деца во североисточна Нигерија додека собирале дрва за огрев.

Во 2022 година, во Нигерија е донесен контроверзен закон за ставање крај на зголемениот број на киднапирања, според кој плаќањето откуп стана казниво дело. За ова е предвидена затворска казна од најмалку 15 години, но досега никој не бил уапсен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ