петок, 18 октомври 2024

Во музеј во Скадар ќе биде отворена изложба за браќата Манаки

Објавено на

часот

Сподели

Според музејот добрата соработка „ќе ја донесе изложбата на делата на браќата Јанаки Манаки (1878-1954) и Милтон Манаки (1880-1964), чија колекција, чувана во Историскиот архив на Битола, содржи 6.702 стаклени негативи, 1.071 филмски ролни, 7.041 фотографски отпечатоци, 3.867 документи и 49 камери и други материјали.

„Кинотеката на Македонија чува голем број филмови што ги реализирале со ‘Камера 300’, по што се познати и како основоположници на кинематографијата во Македонија. Изложбата посветува посебно внимание на подвижните популации, етнографските приближувања и слични ритуали на народите на Балканот, кои ги наоѓаме рефлектирани во патувањата на браќата Манаки во регионот“, наведува музејот.

Оваа активност е една од повеќето во рамки на манифестацијата „КултАрт 2023″, во организација на Министерството за култура на Албанија. Ќе биде отворена на 21 јули во 20 часот и ќе остане отворена до 5 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ