Изложбата традиционално се организира на крајот на секоја учебна година и има за цел да се изложи креативниот труд на учениците, нивната инспирација и идеите карактеристични за нивната генерација, како и да излезат со своите дела од училишната зграда и да се претстават на јавноста во простор или галерија на културните институции, на некој начин да се случи соработка помеѓу образовните и културните чинители. Тоа претставува особен поттик на учениците да се изразат во областа која најмногу им „лежи” – визуелните уметности.
Ќе бидат изложени бројни ликовни творби во различни техники од традиционални до дигитални.Изложбата ќе биде отворена до 13 јуни.