недела, 24 ноември 2024

Во Мексико починаа осум лица од топлотниот бран

Објавено на

часот

Сподели

Температурите оваа недела достигнаа рекордни 35 степени Целзиусови во главниот град Мексико Сити. Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација во периодот од 14 април до 12 јуни, се вели во соопштението на Министерството.

Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, притисокот на водата во домовите е намален, а зголемената побарувачка за електрична енергија од клима-уредите доведе до прекин на електричната енергија.

Жителката на Монтереј, Венди Тиџерина, рече дека жештините се посилни бидејќи градот се наоѓа во индустриска зона. „Нема вода, не можете да ги капете децата, па дури и да користите вентилатор, бидејќи нема струја“, рече таа за Франс прес.

Владата на сојузната држава Нуево Леон, каде што се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно.

Минатата година Мексико прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата поради топлотниот бран и недостатокот на дожд што ги исцрпи акумулациите.

Властите во некои градови, вклучително и во Монтереј, ѝм дозволуваа на домаќинствата пристап до проточна вода само неколку часа дневно во текот на неколку недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ