четврток, 18 јули 2024

Во Кратово 36-годишна жена ги убила сопругот и свекорот

Во Кратово синоќа се случило двојно убиство – приведена е 36-годишна жена откако со нож ги убила сопругот и свекорот.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата биле пренесени на обдукција.

Истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот како е извршено.

МВР го потврди убството.

„В.И. (36) од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. Таа е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И. (38) и неговиот татко С.И. (63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ