Собирот на кој се појави и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола е организиран неколку дена пред состанокот на европската политичка заедница, пишува Радио Слободна Европа.
Состанокот ќе се одржи на 1 јуни, а се очекува претседателката на Молдавија, Маја Санду да добие ветување дека нејзината земја наскоро ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Самитот ќе биде првиот состанок на 44-члената група чија цел е да се подобри соработката меѓу ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите кандидати од Западен Балкан и регионот на Кавказ.
Молдавија, заедно со Украина, беше поканета на отворањето на пристапните преговори со Европската унија во јуни минатата година, неколку месеци откако Русија ја започна инвазијата на Украина.
Како една од најсиромашните земји во Европа, Молдавија прими стотици илјади украински бегалци, а истовремено во земјата растеше и стравот од можното проширување на војната.