„На ова место, според програмата за комунална изградба на општина Кавадарци, е планирано да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање на зелена површина, парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компанијата ,,Ја – Ми” и јавното претпријатие ,,Комуналец”, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Истовремено се работи на обновување на детското игралиште во ,,Парк на револуцијата”.
„Денеска се работи на бетонирање на игралиштето, по што ќе се постави нова гумена подлога и ќе се монтираат нови и репарирани детски реквизити. Изведувач на работите е ,,Ас машини”, појаснија од градоначалничкиот кабинет.