четврток, 21 ноември 2024

Во Карпош градинките и училиштата може да останат без пари, вработените во општината пред штрајк

Недонесениот буџет за Општина Карпош може да предизвика прекин во финансирањето на градинките и училиштата, а синдикатот на вработените во општината веќе се подготвува за штрајк, дознава МКД.мк. Веќе се размислува и за одземање на дел од ингеренциите на општината од страна на државата за надминување на овие проблеми.

Објавено на

часот

Сподели

Предновогодишната 37 седница на Општина Карпош не заврши со очекуваното изгласување на буџетот. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 3.800 амандмани. Според општинските органи амандманите не биле поднесени според пропишаната процедура, по што претседателот на Советот, кој е од Левица, не се согласил со предлогот амандманите да не бидат ставени на дневен ред.

На седницата не помина ни предлогот за донесување одлука за времено буџетирање.

Од денеска неизвесно е финансирањето на градинките и основните училишта на територијата на општината, како и платите за сите вработени и за лицата ангажирани на определено време.

Советниците од Независни за Карпош предупредуваат на можна целосна блокада на работата на општината, па затоа предлагаат советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите, да се обезбеди официјален документ од соодветна институција околу валидноста на амандманите и да се одржи седница.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ