вторник, 22 октомври 2024

Во камп приколка во Сливница најдени дрога и дробилка, осомничениот уапсен во Битола

МВР информира дека во камп-приколка во Сливница на Преспанското Езеро е пронајдена дрога, метална дробилка и други работи, а осомниченото лице е пронајдено во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола,  извршија претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во Сливница,  каде привремено престојува С.В. (20) од село Долни Манастирец.

При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана.

По преземени мерки од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, С.В. е пронајден и лишен од слобода во Битола и при извршен преглед врз него пронајдена е поголема количина марихуана. С.В. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ