сабота, 19 октомври 2024

Во Инџиково вандализиран споменикот на специјалецот кој загина во Диво Насеље

Објавено на

часот

Сподели

Демократската партија на Србите во Македонија бара надлежните органи веднаш да преземат акција за наоѓање на вандалите.

„Најостро го осудуваме сквернавењето на споменикот на нашиот брат Горан Стојменовиќ во скопско Инџиково. Горан херојски загина во борбите со албанските терористи во кумановското Диво Насеље во 2015 година”, наведено е во реакцијата на ДПСМ.

Се огласи и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој упати најостра осуда за сквернавењето на споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и иконите од Светиот крст во Инџиково.

и

„Изразувам најостра осуда за вчерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветеникот крст поставен во истиот парк во Инџиково. Ваквиот сторен чин на голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија претставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда. Како градоначалник на општина Гази Баба, барам итно и неодложно преземање на сите законски дејства од страна на Министерството за внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата. На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12-те апостоли во Инџиково ќе продолжи“, објави градоначалникот Стефковски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ