вторник, 22 октомври 2024

Во Грција загинаа стотици мигранти во една од најголемите мигрантски трагедии

Објавено на

часот

Сподели

Преживеаните и грчките официјални претставници велат дека на бродот имало уште стотици мигранти, можеби од 500 до 700.

Регионалниот здравствен службеник предупреди на невидена трагедија: „Бројот на луѓе на бродот беше многу поголем од капацитетот што треба да се дозволи за тој брод“.

Владата соопшти дека ова е една од најголемите трагедии со мигранти во Грција и прогласи тридневна жалост.

Бродот потона на околу 80 километри југозападно од Пилос, откако крајбрежната стража соопшти дека одбиле помош. Тие додаваат дека бродот во меѓународните води бил забележан доцна во вторникот од авион на граничната агенција ЕУ Фронтекс. Никој на бродот не носел појас за спасување, се додава.

Грчката јавна телевизија ЕРТ објави дека властите во неколку наврати оствариле контакт со бродот преку сателитски телефон и понудиле помош, но постојано ѝм било повторувано: „Ние не сакаме ништо повеќе освен да одиме во Италија“.

Неколку часа подоцна некој од бродот, наводно, ја известил грчката крајбрежна стража дека моторот на бродот се расипал.

Набргу потоа бродот се превртел, а му биле потребни само десет до петнаесет минути за целосно да потоне, јавува Би-би-си.

Беше започната операција за пребарување и спасување, но таа беше искомплицирана поради силните ветрови.

Соработниците на Аларм Телефон, телефонската линија за помош на мигрантите кои се во неволја на море, објавија дека крајбрежната стража знаела дека бродот бил во неволја неколку часа пред да биде испратена каква било помош, додавајќи дека властите биле известени од различни извори дека бродот е во неволја.

Се додава дека луѓето можеби се плашеле да се сретнат со грчките власти бидејќи биле свесни за ужасното и систематско одбивање на мигрантите од страна на земјата.

Според извештаите на локалните медиуми, тие патувале со денови, кои додаваат дека на бродот во вторникот попладнето му пришол малтешки товарен брод кој испорачувал храна и вода.

Офицерот на крајбрежната стража Николаос Алексиу изјави за јавната телевизија дека неговите колеги виделе луѓе натрупани на палубата и дека бродот потонал во еден од најдлабоките делови на Медитеранот.

Државната телевизија ЕРТ објави дека бродот отпловил од либискиот град Тобрук, кој се наоѓа јужно од Крит, а во него имало претежно млади мажи на возраст од 20 години. Тие патуваа за Италија. Официјален претставник на Министерството за поморство изјави дека мигрантите биле главно од Египет, Сирија и Пакистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ