понеделник, 28 октомври 2024

Во Ѓорче Петров приведени четири момчиња – имале дрога и вага за мерење

Две малолетни момчиња, како и едно на 20, а друго на 19 години се приведени во акција на полицијата во Ѓорче Петров. Во станот на најстарото момче е пронајдена дрога, семки од марихуана и вага за мерење на дрогата.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа при претрес на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје.

При претрес во домот на Д.П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, додека кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашкаста материја.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ