понеделник, 21 октомври 2024

Во германската Протестантска црква сексуално малтретирани околу 9.300 малолетници

Околу 9.300 малолетници можеле да бидат сексуално малтретирано во германската Протестантска црква, според објавената проценка на експертите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според тој извештај, би можеле да се избројат 2.225 случаи на сексуално малтретирање, во кои учествувале 1.259 лица – виновници. Се оценува дека тој број е само „врвот на сантата мраз“, бидејќи експертите не биле во можност да ги проучат сите случаи.

Според проценката на Харалд Дресинг, истражувач на Централниот институт за ментално здравје во Манхајм, бројот на потенцијални извршители би можел да биде дури околу 3.500.

Извештајот на повеќе од 800 страници, нарачан од германската Протестантска црква, го составиле експерти од неколку германски универзитети и институти.

Дресинг кажал дека Протестантската црква веројатно бележи повеќе случаи на сексуално малтретирање од Католичката.

Според истражување од 2018 година, Католичката црква во Германија злоставувала 3.677 деца во периодот од 1946 до 2014 година.

Што се однесува до Протестантската црква, вистинскиот број на жртви се смета значително поголем, бидејќи авторите на извештајот немале пристап до архивите на таа институција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ