сабота, 20 јули 2024

Во Франција уапсени 80 педофили. Меѓу нив професори и тренери

Оваа недела во Франција приведени се 80 мажи осомничени за педофилија, меѓу кои и еден пратеник и двајца училишни професори, во голема полициска акција која покажа дека има педофили во сите општествени слоеви.

Објавено на

часот

Сподели

Акција од таков обем „никогаш не е видена“ во Франција, изјави Квентин Беван, претставник на новата Канцеларија за малолетници на правосудната полиција, кој ја координираше операцијата.

Полициските службеници таргетирале профили на лица кои се во редовен контакт со деца.

Така приведени се двајца училишни професори, спортски тренери и еден надзорник во ученички дом за хендикепирани лица.

Осомничените биле на возраст од околу триесет до над 60 години.

Кај неколку од нив се пронајдени видеа и фотографии од педофилски содржини зачувани на компјутери и други дигитални уреди.

Десетици се осомничени за силување малолетници или сексуални напади.

Надзорникот веќе бил осуден за силување пред неколку децении, а можел да работи со деца бидејќи законски го променил својот идентитет, рече Беван.

Истрагите сѐ уште се во тек, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ