недела, 14 јули 2024

Во Фалише гореа 14 тони бои и лакови, вели директорот на ЦУК и смета дека воздухот сега не е загаден

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов вели дека во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување.

Од Јавната здравствена установа -Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина, додава Ангелов.

Во соопштение од Центарот за управување со кризи (ЦУК) испратено претходно се информира дека пожарот што избувна во магацинот за бои и лакови кај село Фалише, е ставен под контрола. Има чад, а на лице место континуирано се наоѓа екипа пожарникари од Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата.

хн

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ