сабота, 19 октомври 2024

Во експлозија на силосите за жито во Турција оштетени се околу 15.000 тони житарки

Објавено на

часот

Сподели

„Експлозијата се случи вчера поради компресијата на пченичната прашина при префрлање на пченицата од бродот до силосите“, изјави гувернерот на провинцијата Коџаели, Седар Јавуз.

Ројтерс наведува дека не е прецизирано за кои житарки станува збор.

Експлозијата во силосите на Турската управа за жито (ТМО) оштети 13 од 60 тамошни силоси, а 12 лица се повредени.

Силосите на ТМО во пристаништето Деринџе имаат капацитет за 95.000 тони житарки, а при експлозијата биле складирани 75.000 тони, се вели во соопштението на ТМО, во кое се додава дека според првите проценки, околу 20 отсто од магацините биле оштетени.

Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајгун, вчера изјави дека властите првично мислеле дека дошло до земјотрес поради силната бучава, но набрзо дознале дека се работи за експлозија на силос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ