четврток, 24 октомври 2024

Во експлозија на автомобил бомба во Сомалија загинаа најмалку 11 лица за време на пренос на финалето на ЕП

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени кога автомобил-бомба експлодираше пред популарно кафуле во сомалиската престолнина Могадишу за време на пренос од финалето на Европското фудбалско првенство, изјави портпарол на полицијата.

Илустрација: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу загинатите има и пет лица кои минувале покрај кафулето кога експлодирал паркираниот автомобил, рече портпаролот, додавајќи дека од силината на експлозијата е предизвикана сериозна штета на околните згради.

Првично било нејасно дали во возилото имало бомбаш-самоубиец и дали други вооружени лица биле вклучени во нападот, рече портпаролот.

Инспекторите велат дека бројот на загинати може да се зголеми.

По нападот, во кафулето, кое е популарно меѓу државните службеници, завладеела паника.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот.

Бомбашкиот напад ги врати сеќавањата на терористичкиот напад за време на Светското првенство во 2010 година од страна на радикалната исламистичка милиција Ал Шабаб во Уганда. Тогаш таа сомалиска терористичка група постави бомби на локација во Кампала каде што стотици луѓе се собраа да го гледаат финалето на Светското првенство. Во тој напад загинаа 74 лица.

Ал Шабаб, терористичка милиција поврзана со Ал Каеда, се спротивставува на фудбалот, тврдејќи дека е против нивната религија, а неодамна се обиде да изврши напад за време на фудбалски турнир на локалниот стадион во Могадишу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ