вторник, 22 октомври 2024

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Објавено на

часот

Сподели

„Експлозијата одекна во населбата Пидгородне во областа Днепар. Оштетена е двокатна станбена зграда. Луѓето останаа под урнатините“, напиша тој на канал na Телеграм, пренесе Укринформ.

Вкупно 17 лица се пренесени во болница, а според Лисак, уште едно дете најверојатно сѐ уште е под урнатините.

Во извештаите на социјалните мрежи се вели дека руска ракета ги предизвикала експлозиите и дека била погодена и зградата на Брзата помош.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека експлозијата се случила меѓу два стана.

„За жал, има луѓе под урнатините. Уште еднаш Русија докажува дека е терористичка држава“, напиша Зеленски на Телеграм.

Москва негира дека нејзините воени сили гаѓаат цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ