вторник, 17 септември 2024

Во Драмски театар денеска комеморација во чест на Снежана Стамеска

Денеска напладне во фоајето на Драмски театар ќе се одржи комеморација во чест на починатата актерка Снежана Стамеска.

Објавено на

часот

Сподели

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970 година.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 година, Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985) и Паца во Викенд на мртовци (1985).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ