петок, 18 октомври 2024

Во досега невидено интервју Навални ги опишува „корумпираните службеници“ во Лондон што му помагаат на Путин (ВИДЕО)

Во досега невидено интервју, Алексеј Навални ги напаѓа „корумпираните функционери“ што живеат во Лондон и му помагаат на режимот на Владимир Путин да ги крие валканите пари. Скај њуз дошол до интервју во кое сега покојниот руски опозициски лидер зборува за својата надеж за подобра иднина на својата земја и за ризиците за кои знаел дека ги презема.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Интервјуто се одржа во февруари 2020 година и се верува дека е едно од последните што ги дал Навални додека бил целосно здрав. Во август таа година тој беше отруен на лет назад кон Москва, вели Скај њуз.

Во опширното интервју тој зборува за неговите надежи за иднината на Русија како дел од Европа, за неговата лична безбедност, но и за однесувањето на Британија и Западот, кои им овозможуваат на соработниците на Путин да се извлечат со тоа.

„Западот воопшто не прави ништо, би рекол. Има некои ритуални танци, но всушност ништо не се случува“, вели тој.

„Зошто корумпираните службеници сè уште живеат во Лондон? Затоа што овие корумпирани функционери хранат огромен број прекрасни лондонски адвокати.“

„Овие луѓе ни изгледаат многу цивилизирано, среќни сме кога муабетиме со нив, ако седнат до нас, тие носат вратоврска и се однесуваат префинето, а во исто време им служат на интересите на најголемите, комплетни бандити“.

Британското Министерство за надворешни работи му оддаде почит на животот на Навални, кој ја разоткри руската корупција.

„Велика Британија санкционираше 2.000 поединци, компании и групи како дел од нашите санкции за Русија, директно таргетирајќи ги елитите поврзани со Путин во Британија преку Бирото за борба со клептократијата при Националната агенција против криминалот. Корупцијата и клептократијата никогаш нема да бидат добредојдени кај нас“, објавија тие.

Со зборови што сега, по неговата смрт во затвор, одекнуваат погласно, Навални додава: „Русија е европска земја, сите луѓе што живеат овде сакаат да живеат како Европа.“

„Значи, се надевам дека за 10 години од сега, ако повторно ме интервјуирате, ќе можам да ви кажам дека сме успеале да го надминеме коруптивното перење пари.“

Интервјуто, до кое дошло Скај њуз и сега е емитувано прв пат, било снимено како дел од неемитувана документарна серија, „По падот“ (After The Fall), во режија на Метју Торн и продуцирана од Ендрју Данкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ