вторник, 22 октомври 2024

Во чест на стреланите младинци вечерва драмски ораториум „Ваташа“

Во чест на одбележувањето на 81 година од страшниот настан кога бугарски фашисти со стрелање убија 12 ваташки младинци, Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина, вечерва го најавија настанот, промоција на Драмски ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски.

Објавено на

часот

Сподели

Познати актери ќе изведат драматизација од драмскиот ораториум во сабота во 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, појаснија од овие две културни установи.

Во недела од 10.30 часот ќе има положување на цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште, како и културно- уметничка програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ