вторник, 22 октомври 2024

Во Британија се проценува заканата од тероризам. МИ5: Терористички напад е веројатен

Состанок на владиниот комитет за итни случаи, наречен КОБРА, е свикан за понеделник во Британија за да се разговара за безбедносните ризици кои произлегуваат од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

По убиствениот поход на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој предизвика одмазда врз Појасот Газа, во Велика Британија е зголемен бројот на случаи на антисемитизам и исламофобија.

Големи пропалестински протести се одржаа во Лондон и во други градови, додека еврејски групи организираа бдеење за 239-те израелски заложници кои ги држи радикална исламистичка сунитска група.

„Мора да обезбедиме британските системи да се сигурни и заштитени од терористички закани, како што тоа секогаш го прави владата“, изјави министерот за високо образование Роберт Халфон за Тајмс радио.

Британската разузнавачка агенција МИ5, задолжена за внатрешна безбедност, смета дека заканата од тероризам во моментов е значајна, што значи дека е веројатен терористички напад или дека може да следи.

Постојат две повисоки категории на ниво на закана: сериозна, што значи дека нападот е многу веројатен, додека критична закана значи дека нападот е многу веројатен во блиска иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ