вторник, 22 октомври 2024

Во близина на село паднале остатоци од кинеска ракета проследени со „исклучително токсичен гас“

Во саботата, според снимките објавени на социјалните мрежи, во близина на село во југозападна Кина паднале остатоци од кинеска ракета. Снимките се појави набргу по лансирањето на Лонг марч 2Си од Центарот за лансирање Сичанг во провинцијата Сечуан во 15 часот.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата го носела во орбитата Спејс варијабл обџектс монитор, моќен сателит развиен од Кина и Франција за научниците да можат да ги проучуваат најоддалечените експлозии на ѕвезди, познати како експлозии на гама-зраци.

На снимката објавена на Куаишу, кинеската страница за кратки видеа, се гледа долго, цилиндрично парче што паѓа над селото и се урива на блискиот рид.

Си-ен-ен го лоцираше видеото и утврди дека е снимено во селото Сианчао во провинцијата Гуижоу, која граничи со провинцијата Сечуан. Други снимки кои кружат на кинеските социјални мрежи, исто така, ја покажуваат истата сцена, пад на остатоци кои оставаат портокалова трага од чад на небото.

На едно од нив може да се забележат селани како панично бегаат на безбедно, додека некои од нив ги покриваат ушите поради громогласниот звук. Голем број видеа беа отстранети до понеделник попладне. Очевидци на настанот на социјалните мрежи објавија дека слушнале силна експлозија откако остатоците паднале на земја. „Се почувствува остар мирис и се слушна експлозија“, додаваат тие.

Локален жител објави известување до властите, кое исто така подоцна било отстрането, во кое се наведува дека населбата Синба, во близина на селото Сианчао, ќе собира остатоци од 14:45 до 15:15 часот во сабота. Властите побараа од жителите да ги напуштат своите домови еден час пред лансирањето и ги предупредија да се држат подалеку од остатоци за да не бидат повредени од експлозија или отровен гас.

На жителите, исто така, строго им е забрането да ги фотографираат остатоците или да објавуваат снимки од настанот на интернет. Локалните власти не добиле извештаи за повредени.

Ракетниот експерт Маркус Шилер рече дека остатоците се чини дека потекнуваат од првата фаза на погонот на ракетата Лонг марч 2Си, која користи течно погонско гориво азот тетрооксид и несиметричен диметилхидразин (УДМХ).

„Оваа комбинација секогаш создава трага од портокалов чад. Исклучително е токсичен и канцероген. Не му носи добро на секој што ќе го вдиши. Западните вселенски агенции генерално повеќе не го користат овој тип на високотоксично течно погонско гориво, за разлика од Русија и Кина“, вели Шилер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ