недела, 27 октомври 2024

Во Битола приведена скопјанка со шест потерници

Денеска полициски службеници од оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР-ОКП Охрид на улицата „Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје. Таа беше барана со шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како  и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РСМ. Р.С. ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ