понеделник, 21 октомври 2024

Во август во Охрид, Преспа и Дојран остварени се 762.000 ноќевања

Во август годинава повеќе од 762.000 ноќевања оствариле домашни и странски туристи во трите македонски езерски центри – Охрид, Преспа и Дојран. Само по тој основ нашите хотелиери и сместувачи инкасирале најмалку 25 милиони евра, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 70 отсто од сите гости престојувале по хотелите, сместувалиштата и приватните капацитети на охридско-струшката ривиера. Дојран според тамошните туристички работници годинава во најголема мерка гостите и ноќевањата ги остварувал благодарение на транзитниот туризам, претежно на веќе традиоционалните гости од соседна Србија кои ноќеваат на пропатување на одење и враќање од одмор во соседна Грција.

Вкупно годинава во август бројот на регистрирани домашни туристи во Охрид, Струга, Дојран и во помала мерка во Преспа изнесувал 150.861 лице, или дневно 4.866 гости вкупно во сите езерски летувалишта.

Од тоа речиси 100.000 гости се домашни туристи, а нешто повеќе од 51.000 лица се странци кои летувале или само ноќевале во нашите езерски центри.

Вкупниот број на остварени ноќевања изнесува над 762.000, а од нив 641.000 оствариле домашни односно македонски туристи. Странските ноќевања во август достигнале 121.000. Тоа значи дека во просек дневно нашите езерски туристички центри остварувале околу 24.600 ноќевања на домашни гости и уште 3.900 странци просечно секој ден ноќевале во нашите сместувачки капацитети во Дојран, Струга, Охрид и во Преспа.

Во Скопје во август регистрирани се над 45.000 странски туристи. Тоа значи дека Скопје во август просечно дневно угостувал околу 1.460 странски туристи. Тие реализирале над 75.400 ноќевања што значи дека се задржувале во Скопје во просек од помалку од два дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ