сабота, 19 октомври 2024
По демантот на Дрин Ахмети до пратеникот Ковачки

Внукот на Али Ахмети бара јавно извинување од лидерот на Беса, Касами

Објавено на

часот

Сподели

„Тхор Индустриес“ ги демантира сите невистини искажани од господинот Билал Касами кои наведуваат на неетичко работење поврзани со компанијата „Тхор Индустриес“. Ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети. Исто така, „Тхор Индустриес“ бара јавно извинување од страна на партијата БЕСА и господинот Касами, во спротивно ќе ги преземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Касами“, пишува во соопштението на компанијата.

По прес-конференцијата на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на која тој изнесе тврдења дека фирма на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, учествува и во изградбата на Коридор 8, како и на други делници и се крие како подизведувач, од фирмата е испратен демант потпишан од Дрих Ахмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ