четврток, 31 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за набавката на уреди за потребите на МЕПСО

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство да отвори постапка за тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил за потребите на државната компанија за пренос на струја МЕПСО.

Објавено на

часот

Сподели

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ имало длабоки релации со албанската фирма Шанси инвест, која го добила тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил заедно со Далековод АД Загреб, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мелаим Адеми кој бил раководител на комерцијален сектор во МЕПСО, кога Шанси инвест го добила тендерот, своевремено бил управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје. Јавното обвинителство треба веднаш да отвори постапка за оваа набавка, и да ги испита сите докази. Дали Шанси инвест е фирма која е параван за наплата на функционери на СДС и ДУИ? Колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која буквално нема никаква додадена вредност во набавката, освен штанцање на фактури кон МЕПСО за наплата, пред да и префрли пари на фирмата производител? На чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите во разликата во цени од Шанси инвест? Одговорност мора да има“, рече денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ