недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

Владата на СДСM го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната Влада на СДС и ДУИ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Каква држава остави владата предводена од СДС? Држава која тоне во корупција и криминал, скандалозни тендери, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга. Во низата скандалозни тендери се и оние на Македонски железници и Државни патишта. Станува збор за тендери за пругата кон Бугарија и патот Прилеп – Градско. Станува збор за најскап тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а вредноста е зголемена за 220 милиони  и изнесува 560 милиони евра наместо првично предвидените 340 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму тврдат дека таквиот начин на работа, останува во минатото.

„Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ