петок, 18 октомври 2024
Продолжуваат партиско-институционалните преписки

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за непотизам, МНР ја обвинува партијата за ширење лажни вести

Објавено на

часот

Сподели

„Внукот, Бесиан Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, од министерството за економија на кој се пријавил и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање “Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање “Прв секретар”.Значи без соодветно образование и искуство, внукот Бесиам е унапреден 3 скалила погоре. Дали можеби бидејќи имал посебна дарба за дипломат, како и внукот Дрин Ахмети за претриемач е поставен на местото прв секретар во амбасадата во Брисел? Дали Ковачевски не знае ни за вториот внук сега, кој е вработен во државна институција?На граѓаните веќе им е јасно, дека единствен начин да се запрат овие луѓе, кои си прават династија на грбот на народот, се изборите кои следуваат. Тогаш тие ќе го кажат својот финален збор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

А од Министерството за внатрешни работи (МНР) пак велат дека „продолжува со работа фабриката за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ“. 

„Согласно законските прописи, како економски советници, покрај дипломатите вработени во МНР, а на барање на останатите економски ресори, се испраќаат и вработени во другите министерства, како што е Министерството за економија, Министерството за земјоделие… при што законски е утврдено дека во овој случај економските советници се испраќаат со дипломатско звање – прв секретар. Имено, согласно член 68-а став 1 од Законот за надворешни работи врз основа на писмена спогодба Министерството и институции од јавниот сектор за вработените од членот 14 став 1 група II од Законот за вработените во јавниот сектор и за вработени кои работат на економски активности за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, по спроведена постапка за избор, а по претходно објавен интерен конкурс во институцијата во кое лицето е вработено, Министерот за надворешни работи може да упати во дипломатско-конзуларно претставништва вработен кој ги исполнува условите од истоимениот член“, реагираа денеска од МНР.

Од МНР велат дека економската димензија на дипломатијата е тесно поврзана со работата на економските ресори во Владата „и оттука логично е МНР да се потпира на кандидатите кои низ конкурс ги предложиле економските ресори во Владата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ