На денешната прес-конфренција тој информираше дека контролите кои се спроведени од страна на институциите во jавните здравствени установи и клиниките лоцирале повеќе неправилности.
„Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСМ и ДУИ во здравството гледале бизнис. Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ“, информираше тој.
Лоцираните неправилности кои ги наведе се во УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип.
„Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има“, рече пратеникот.