„Криминалот на СДС за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил. Последната метастаза на криминалот на СДС е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија.
Кадрите кои СДС ги постави за раководство на клиниката наплаќало услуги од пациенти и за тоа не поднесувале извештај во Министерството за здравство. И сето ова го констатира Државниот завод за ревизија во Извештајот изготвен во 2024 година, за работата на клиниката во периодот од 2023 година.
Клиниката за дерматологија секако има право да дава услуги на пациенти кои плаќаат со лични средства и на странци во делот на козметологија, но за тоа е потребно на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството и тоа, за обемот и видот на извршените здравствени услуги.
Исто тоа, Клиниката овој тип на работа, односно давањето на здравствени услуги кои пациентите ги плаќале приватно, го извршува без согласност од Министерството за здравство.
Дополнително, ДЗР констатира дека Клиниката немала одобрен ценовник од Министерството за здравство врз база на кој ќе ги дава и наплаќа здравствените услуги. Услугите наплатени приватно со парите на граѓаните, Клиниката ги наплаќала незаконски.
За сето ова го повикуваме Јавното обвинителство да постапи по Извештајот на ДЗР кој констатира низа пропусти и злоупотреби и да ги истражи истите овие наводи. ЈО треба да отвори истражна постапка како се наплаќале парите, колку се наплаќало, каде завршиле и дали дел од парите завршувале и во приватни џебови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.