недела, 20 октомври 2024
Демант на МВР на прес конференција на опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ измислува случки за да го урне рејтингот што го уживаат БЈБ и МВР

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР потенцираат дека станува збор за класична дезинформација, без воопшто да се консултира надлежната институција.

„За постоењето на фирмата, која патем не претставува имот на директорот Тасевски, уште во минатата година е поднесена Изјава за интереси, која е официјално евидентирана во документацијата на антикорупционерите. Значи, должноста и обврските се одамна исполнети токму како пример за останатите. Притоа, ова не е прв случај тенденциозно да се валка името на директорот на БЈБ и неговото семејство, со пласирање на лажни вести. Веќе трет пат во кусо време се измислуваат случки во кои се споменуваат членови на семејството Тасевски, во обид да се урне рејтингот што го имаат во јавноста БЈБ и МВР, кои добија на интензитет по отпочнување на неколкуте оперативни акции во Скопје и во државата за жестока пресметка со криминалот и корупцијата, во кои зад решетки завршија многу криминалци кои претходно беа ‘недопирливи’, што придонесе Македонија да е денес најбезбедна земја на Западен Балкан и на 36. место во светот“, соопштија од МВР.

Според Министерството, овие дезинформации од ВМРО ДПМНЕ се пласираат токму денеска кога се објавени резултатите од анкетата спроведена од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија, според која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е на врвот на листата од испитаниците за перформансите на Владата.

„Ваквите резултати од анкетите на граѓаните се мотив повеќе полицијата да продолжи да биде гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, а МВР и понатаму да презема интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо да работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани“, потенцираат од МВР.

Инаку, денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски изјави дека на домашна адреса на директорот на БЈБ Сашо Тасевски од неодамна има непријавена компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ