недела, 14 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема да се спаси со новата функција, одговорност за криминалите ќе има

Во СДСМ како и до сега, и по Заев – Заев. Венко Филипче со 9 илјади гласови, колку се потребни за советник во општина стана лидер на СДС. Еден Заев се замени со друг Филипче. Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот избор на Венко Филипче за претседател на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев. Човекот е одговорен за погромот со ковидот, каде десетици илјади луѓе ги загубија животите, директно одговорен за матните тендери каде референцата за избор имал контакт на Жути кој доби милиони од стерилизацијата, или неговата хациенда на Водно веднаш до директорот на Клинички или пак модуларната болница за која Филипче не убедуваше дека кабелот е виновен.

Филипче е најдобрата маска на Заев. Исти луѓе исти вредности. Ако мисли Филипче дека ќе се спаси, и кога ќе одговара за криминалите ќе вика дека е политички реваншизам, овој пат тоа е најпогрешниот начин да избега од одговорност. Одговорност ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ