вторник, 22 октомври 2024

Влезе во собраниска постапка предлогот за намалување на цената на струјата

Собранието денеска го даде на натамошна постапка предлогот за измени на Законот за енергетика, чија целе е намалување на цената на струјата од 1 јули. За законот ќе расправа матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе заседава во 17.30 часот, а потоа и Законодавно правната комисија. Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска рече дека продолжението на осмата собраниска седница на која треба да биде донесен законот ќе биде дополнително закажано.

Објавено на

часот

Сподели

Предлагачи на предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка се Бојан Стојаноски, Изет Меџити, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Мимоза Муса, Силвана Ангелевска, Тони Јаревски.

Стојаноски пред пратениците објасни зашто го поднеле овој предлог и кои се бенефициите за граѓаните од него. Тој, меѓу другото, нагласи дека лично смета оти пратениците веднаш треба да ги донесат измените на овој закон. Според него, со тоа ќе се заштитат граѓаните и ќе нема ценовни шокови за нив. Стојаноски повика да се направи денеска, како што рече, „добра работа за македонското општество“.

Со законот предвидено е во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Како што беше појаснето, со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ