сабота, 19 октомври 2024

Власта воведува две нови државни награди, опозицијата вели тоа е уривање на „Едно општество за сите“

Објавено на

часот

Сподели

Двете институции предлагаат воведување две нови државни награди за лингвисти – едната именувана по Блаже Конески за проучување на македонскиот јазик и втората именувана по Ремзи Несими која ќе се доделува за придонес во албанологијата. 

Министерката Костадиновска-Стојчевска соопшти дека стручните, финансиските и административните работи за доделување на наградите се предлага да ги врши Министерството за образование и наука и се утврдува дека во текот на една година може да се доделат најмногу две награди Блаже Конески и две награди Ремзи Несими. Паричниот износ на наградите се предлага да изнесува пет просечни плати во земјава. 

Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овие две награди Владата „на мала врата и тивко озаконува паралелизам и бинационално практикување на културата“ и покрај тоа што, рече, државата е мултикултурна. 

Не спорејќи ја заслугата на Конески и Несими во лингвистиката, таа праша каде се останатите заедници и рече дека  застапувањето само за два ентитета  ги дискриминира другите граѓани што коегзистираат во државата. Рече дека со овој предлог Владата го урива концептот „Едно општество за сите“ што самата го промовирала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ