недела, 24 ноември 2024

Владата тврди: Решен е проблемот со издавањето на лични документи

Владата тврди дека е решен проблем со издавањето на лични документи и апелира граѓаните кои не ги продолжиле возачките дозволи да поднесат барање затоа што нивниот рок завршува годинава.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена.

Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.

Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската“, се вели во соопштението на Владата.

Инаку, неодамна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го истакна проблемот со возачките дозволи и рече дека 1 милион граѓани уште не поднеле барање за нова дозвола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ