петок, 22 ноември 2024

Владата се пишмани, не препорачува работа за претстојните празници

Откако препорача работа за новогодишните и божикните празници за да може народ да пазари и за да има што да купат туристите кои би ги минале празнците тука, сега Владата се предомисли и посочува дека станува збор за неработни денови. Од денешната седница соопшти дека таа препорака престанува да важи.

Објавено на

часот

Сподели

Владата на денешната седница одлучила да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници на 7 и 8 јануари 2024 година.

„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница. Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија“, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

Препораката што беше донесена на 214-та седница на Владата предвидуваше за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач беше Министерството за економија. Како што информира тогаш владината прес-служба, целта на оваа препорака била да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ