По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата одлучи оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна приближна вредност од 4 милијарди и 27 милиони или потточно (4.026.636.382) денари.
Во ресорните министерства, фазата на евалуација не ја поминаа само 4 општини. Тоа се општините Теарце, Струмица, Сарај и Град Скопје.
Владата изрази благодарност на општините за максималната посветеност и ангажираност, што само ја докажува нивната способност и волја за инфраструктурен напредок, за што, во изминативе години немале можност поради ограничените финансиски средства.
Почнувајќи од оваа година и во наредните години, на општините им се отвара нова можност да ги реализираат приоритетните проекти, да ги подобрат основните услови за живеење за граѓаните, да можат општините да се развиваат побрзо и да се создаваат нови можности за граѓаните.