петок, 18 октомври 2024

Владата молчи, вработените на МИА трет пат на предупредувачки штрајк

Објавено на

часот

Сподели

Вработените во МИА имаат серија барања од кои најитно е зголемување на платите за 30 проценти и порамнување со трошоците на живот.

Државната агенција МИА дневно продуцира околу 400 вести на македонски, на албански и на англиски јазик и е главен извор на вести во медиумскиот простор како во државата така и во регионот.

Вработените во МИА се надеваат дека набрзо ќе има позитивна разрешница на нивното легитимно барање за зголемување на платите.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници оценува дека барањата на вработените во МИА се легитимни и дава целосна поддршка, бидејќи слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против лажните вести се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ