недела, 14 јули 2024

Владата денеска ќе решава за зголемување на пензиите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска попладнево вчера најави дека Владата денесла ќе го разгледува предлогот за зголемување на пензиите.

Објавено на

часот

Сподели

„Остваривме средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на која констатиравме дека ќе го реализирам едно од нашите предизборни ветувања за зголемување на пензиите за 5.000 денари. Со корекцијата во септември ќе биде првото зголемување од 2.500 денари, а следното, исто така од 2.500 денари ќе се случи во март. Тоа е линеарно зголемување на секоја пензија. На пример пензионер кој зема пензија од 15.000 денари со септемвриската пензија ќе добие 17.500 денари и таа пензија ќе ја добива до март, кога со второто зголемување пензијата ќе се искачи на 20.000 денари“, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа појасни дека станува збор за остварување на ветување дадено во предизборието за зголемување на пензиите во првата година од преземање на власта и дека тоа ќе се случи и порано од тоа, односно до март 2025 година.

Средства за исплата на пензиите ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот за 2024 година, што веќе се подготвува во Министерството за финансии.

„Во Буџетот за 2024 година за исплата на пензии не се буџетирани доволно средства. Со донесениот Буџет недостасуваат 40 милиони евра за исплата на пензиите и од старт било познато дека ќе треба да се обезбедат. Сега за ова најавено зголемување ќе бидат потребни дополнителни околу 40 милиони евра.Тоа значи се вкупно околу 80 милиони евра. Ќе можеме да ги обезбедиме, бидејќи ќе скратиме од непродуктивните трошоци“, рече министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ