вторник, 23 јули 2024

Виолончелистот Котевски назначен за в.д. директор на Филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Филхармонија. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година.

За неговата биографија од Филхармонија информираат дека тој во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската опера со која во 2013 година ја организира и реализира турнеjата на Опера во Индонезија каде настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi” каде што концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините.

Редовен член бил на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казакстан итн

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ