недела, 24 ноември 2024

Виктор Орбан го замоли Вучиќ да ги ослободи косовските полицајци

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го повика српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Палиќ да ги ослободи тројцата приведени косовски полицајци.

„Многу внимателно ги следиме настаните во Косово и гледаме што ѝм се прави на Србите. Со почит те молам претседателе, драг Александар, добро размисли за ова, непријателите на Србија чекаат да ти наштетат, мислам дека би било добро да ја послушаш препораката на Унгарија и да ги вратиш тројцата Албанци на Косово, мислам дека тоа би Ви помогнало, затоа Ве молам да размислите за тоа“, рече тој на прес-конференцијата.

Тој додаде дека верува оти „меѓународната заедница е неприфатливо да ги прифати изборите на Косово со учество од околу четири отсто како законски“.

„Ние Унгарците го гледаме тоа и разбираме“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ