понеделник, 30 декември 2024

Викендов во Македонија гореше на 70 места

Вчера имаше 31 пожар на отворен простор, гореа стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, борова шума и неколку депонии. Инаку, заедно со саботните 39 пожари, викендов имало вкупно 70 пожари, за еден помалку од минатиот викенд кога имаше 71 пожар, соопшти Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово активни се шест пожари во Општина Македонски Брод кај село Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума), Општина Чашка, кај село Горно Јаболчиште (ниска вегетација и шума), Општина Кривогаштани и Крушево, кај село Подвис каде што пожарот се проширил кон селата Алдинци и Норово и гори ниска вегетација и шума, Општина Свети Николе, помеѓу селата Ерџелија и Мустафино (гори сува трева), Општина Градско, село Згрополци (сува трева) и во Општина Илинден во близина на рафинеријата (каде горела ниска вегетација и најверојатно утрово е изгаснат).

Од вчерашните 31 се изгаснати 25 пожари и тие биле на цела територија на државата, конкретно во Ново Село, Сарај, Чучер Сандево, Центар, Битола, Демир Хисар, Прилеп, Струга, Македонски Брод, Долно Оризари (сува трева и трње и дел борова шума), Свети Николе, Штип, Берово, Пробиштип, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Желино, Гостивар…, јави ЦУК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ