понеделник, 21 октомври 2024

Виетнам назначи генерал за нов претседател

Во Виетнам генералот Луонг Куонг денеска беше избран за нов претседател, како четврти човек на таа функција во последната година и пол.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со изборот на Куонг, парламентот го замени То Лам, кој остана претседател на земјата и покрај тоа што беше официјално назначен за генерален секретар на владејачката Комунистичка партија во август оваа година.

Назначувањето на новиот претседател уследи по неколкумесечните превирања на политичката сцена и смртта на поранешниот генерален секретар на партијата Енгајен Фу Тронг, кој од 2011 година беше на доминантни позиции во партијата.

Позицијата генерален секретар на партијата е најмоќната функција во Виетнам, додека функцијата претседател е протоколарна.

Куонг служел во виетнамската армија повеќе од 40 години, а од 2021 година е и член на Политбирото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ