вторник, 22 октомври 2024

Видиќ: Дали треба да одам во затвор за да добијам функција во српскиот фудбал?

Објавено на

часот

Сподели

Видиќ сакаше да биде претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, имаше доставено кандидатура која ја повлече откако му стана јасно дека веќе е решено Драган Џајиќ да биде прв човек на фудбалот во нивната земја.

Во интервју за „НИН“, Видиќ се отвори и распука по Џајиќ и Терзиќ.

„Како тоа Драган Џајиќ кој беше во затвори и призна дека правел малверзации и Звездан Терзиќ кој не ја докажа својата невиност, туку процесите против него застареа, ги водат двете најголеми организации во српскиот фудбал ФСС и Црвена звезда. Тоа е порака за сите луѓе во Србија дека тука не се гледа работата, туку важно е да си подобен“, вели Видиќ.

„Џајиќ четири години не успеа да докаже дека е невин, а потоа тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ го аболицираше со што Џајиќ призна дека ја украл Звезда, односно учествувал во малверзации“.

Видиќ за Терзиќ вели дека се гордеел што бил во притвор.

„Тој зборува дека е горд на тоа што бил во затвор и таму запознал многу квалитетни луѓе. Не е проблем Терзиќ да ги воспитува своите деца на тој начин. Но испраќа порака до моите, до нашите деца. Дека е во ред да се оди во затвор, и дека после тоа можеш да постигнеш и поголем успех“.

„Како сега некој млад човек да го послуша својот татко и да почне да работи од 9 до 17 часот, да работи напорно и да биде искрен. Децата повеќе ќе сакаат да бидат Звездан Терзиќ. Дали такво сакаме да биде нашето општество?“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ