Македонецот имаше одлична сезона во Шкотска во дресот на Абердин, па често е дел од трансфер шпекулациите.
Напаѓачот ова лето се повразува со неколку клубови како Болоња и Џенова, а конкретен интерес покажа и Еспањол, кој достави предлог вреден околу 3 милиони фунти, кој сепак веднаш беше одбиен (цената на Бојан Миовски е двојно поголема).
Легендарниот британски атлетичар Крис Акабуси сега излезе со предлог до неговиот омилен клуб Вест Хем, и советува трансфер на Бојан Миовски, смета дека за таа сума Македонецот е живо џабе.
„Вест Хем е во потрага на нов напаѓач, и колку што слушам, Абердин бара околу 6,5-7 милиони фунти“ – вели Крис Акабуси.
„Знам дека и 10 милиони веќе не се ништо во англискиот фудбал, па Вест Хем треба добро да размисли за Бојан Миовски, кој е желба на половина Европа!“.
„Астон Вила ни бара 40 милиони фунти за Јон Дуран, па Бојан Миовски ќе биде живо џабе во споредба со него“.