недела, 14 јули 2024
Конференциска лига

Вест Хем ја освои Конференциската лига, радоста ја донесе Боуен во 90. минута (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Фиорентина беше подобра во најголемиот дел од мечот, Вест Хем играше претпазливо, но на крајот чеканите на Дејвид Мојс се радуваа на трофејот и учество во Лига Европа следната сезона.

Цел час не се случуваше ништо, мрежите мируваа. А потоа следуваа пет бурни минути кои почнаа со досуден пенал за Вест Хем кој го реализираше Бенрама во 62. минута.

Предноста на англискиот тим траеше пет минути кога Бонавентура погоди за израмнување на 1-1. 

Се чинеше дека ќе има продолженија во натпреварот, но така не мислеше Боуен кој излезе сам пред противничкиот голман по една асистенција од Пакета. Боуен погоди за победа од 2-1 и освојување на Конференциската лига.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ