петок, 18 октомври 2024

Верушевски се обидел да го заколе Србинот Дарко Гошиќ

Објавено на

часот

Сподели


Засега не се познати причините за инцидентот, но според извори од струшката полиција, најверојатно станува збор за меѓусебна нетрпеливост, која траела подолго време.

Александар Верушевски налетал на Дарко Гошиќ на паркингот кај Пливалиште, по што извадил пиштол и го вперил во главата на Гошиќ заканувајќи му се дека ќе го убие. Веднаш потоа почнал да го удира по главата со кундакот од пиштолот. Но ни тоа не му било доволно, па извадил нож и неколкупати го прободел Ѓошиќ во пределот на стомакот и градниот кош. Во целата расправија и тепачка и Ѓошиќ се обидел да извади пиштол, но не успеал. Сепак, тој извадил нож и му нанел повреди на Верушевски во пределот на рацете.

Во тепачката Верушевски бил поддржан од Михајло Наневски, Лазе Лошкоски и Гоце Скепаровски, а од другата страна биле Дарко Гошиќ и Власе Танасковски.

На сите им е изречена мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ