сабота, 19 октомври 2024
Македонецот е пред преселба во Серија Б

Венеција ја добива трката со Палермо за потписот на Несторовски

Објавено на

часот

Сподели

Несторовски во следната сезона ќе има нов клуб, а голема е веројатноста тоа да биде Венеција.

Ди Марцио тврди дека Венеција сега има најголеми шанси да дојде до Несторовски за кој сериозен интерес имаше и од неговиот поранешен клуб, Палермо.

Венеција минатата сезона загуби во плеј-офот за влез во Серија А, а амбицијата за новата сезона е да се пласира во елитата.

Венеција веќе има одличен напаѓач во Финецот, Јоел Похјанпало кој минатата сезона ја заврши со 19 голови и 7 асистенции во 37 натпревари. Но и покрај тоа, Венеција смета дека искуството на Несторовски може да биде значително во остварување на целта, враќање во Серија А.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ